Close
Стратегијата за родова еднаквост на ЕУ, ги повикува едукаторите да ги учат децата за полова чувствителност, недискриминација, борба против стереотипите, вреднување на родовиот идентитет како и промовирање на самодовербата и решавањето на конфликтите уште од рана возраст.
Во нашето мултикултурно општество, дискриминацијата и полово базираното насилство сеуште се застапени, особено во образовните средини. Стереотипите, често несвесно и незабележани од наставниците и во образовните материјали, влијаат врз разбирањето на учениците и прифаќањето на општеството. Дискриминацијата има различни форми, од оние кои влијаат на благосостојбата и на целите во животот, до оние што потикнуваат рано напуштање на училиштето. Според Европскиот институт за родова еднаквост, 11,1 % од 18-24-годишните го напуштаат образованието порано, со значителна разлика помеѓу половите во тие проценти.
На младите им се потребни вештини за да напредуваат како активни граѓани. Академскиот успех е важен, но некогнитивните компетенции често се клучни за успехот во животот. Општествено-емоционалното учење им помага на адолесцентите да развијат самосвесност, да постигнат подобри академски достигнувања и добро однесување. Проектот CLOSE ги усогласува со овие принципи, преку филмот како алатка која ги им дава моќ наставниците и учениците ги зајакнува социјалните, емоционалните и животни вештини, правејќи ги учениците да бидат потолерантни и поодговорни граѓани.
ЦЕЛИ
Зголемена свест кај учениците и наставниците за проширувањето и динамиката на различни видови дискриминација, експлицитна и несвесна
Користење на филмот како педагошки јазик за обука на учениците во училиштата, и развој на социјални и емоционални компетенции за учење
Зајакнување на наставниците и учениците и подршка во создавањето на инклузивни и кооперативни образовни контексти
Наставниците да стекнат нови компетенции за спроведување Работилници за филм, методологија која може да се реплицира
ПРОЕКТ Close
Проектот CLOSE има за цел да ги поддржи и да ги поттикне наставниците да промовираат инклузија, полова еднаквост и недискриминаторски пристапи на иновативен и интерактивен начин, како во наставата, така и во секојдневната соработка со учениците преку филм. Тој има за цел да ги поддржи наставниците да се справат со недостатоците во учењето и предвременото напуштање на училиштето предизвикани од дискриминација.
РЕЗУЛТАТИ
КИНОКИТ
2023
Насоки и совети за користење на филмот за креирање на инклузивна средина за борба против дискриминацијата.
E-КНИГА
2024
Содржина од критичко-информативни картички за одбрани филмови за дискриминација, селектирани од најдобро направените во Европа или било каде низ годините.
РАБОТИЛНИЦИ ЗА ФИЛМ
2025
Учениците ќе креираат нивни видеа на теми против насилство и дискриминација со нивните настаници.
ПРИДОБИВКИ
ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВНА СРЕДИНА
10 ФИЛМОВИ
БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА
“Using cinema to create inclusive learning environments to combat discrimination”
ЗА ЗБЛИЖУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО
CLOSE ја промовира Стратегијата на ЕУ за родова еднаквост и првиот принцип на европскиот столб за социјални права: „Секој има право на квалитетно и инклузивно образование, обука и доживотно учење со цел да ги задржи и стекне вештините“. Проектот има за цел да ја шири иновативната методологија за користење филм и нови визуелни технологии во образованието, да ги зајакне учениците и наставниците, како и училишните заедници, олеснувајќи го градењето на дијалог и мирољубиви односи.