Т-Хап (T-Hap ) е концепт кој има за цел да ги оптимизира можностите за подобрување на благосостојбата. Обезбедува една група од експерти и од услуги со кои благосостојбата ќе биде постигната и подобрена. Ги обединува професионалците од различни работни средини, да работат под ” win- win ситуации”, создавајќи не само мрежи, туку и добро-наменети култури, високо ефикасни поединци насочени кон благосотојбата.
Т-Хап (T-Hap ) е насочен кон поединецот, професионалците и заедниците со цел постигнување максимум со ретките ресурси, искусувајки колаборативни начини на живеење, намалувајки го стресот и различни типови на анксиозности, фокусирајки се на различните нивоа на човечкото искуство, со отптимизација на менталното здравје и благосотојба во нашите животи. Понудата на T-Хап поврзана со оптимизација на благосостојбата може да се опише преку три основни столба: образование, терапија и патување.
Средното општинско училиште ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ Гевгелија веќе 70 години е столб на заедницата, обезбедувајќи висококвалитетно образование на генерации ученици во С. Македонија. Ние сме училиште кое нуди гимназија и стручни програми за економија, трговија и право, машинство, угостителство и туризам и здравствена и социјална заштита. Над 80 наставници, технички и стручни здруженија, го реализираат образовниот процес во една зграда од над 4000 м2 површина со нов надграден дел, училишен двор од 11500 м2, надворешен спортски терен од 400 м2, спортска сала, 47 училници, 10 кабинети, училишна библиотека, медијатека и простории за готвење и угостителство, одговарајќи на барањата на секоја програма. Училиштето е препознаено како субјект со оперативен капацитет да управува со висококвалитетни проекти за мобилност и од 2013 година има реализирано 8 Еразмус проекти со над 200 ученици во две доделени Акредитации во областа на стручното образование и обука. Наша цел е да бидеме водечка институција која обезбедува квалитетно образование и го развива потенцијалот на секој студент, поттикнувајќи критичко размислување, креативност и љубов кон учењето, а истовремено промовирајќи ја општествената одговорност и граѓани на светот.
www.josifjosifovski.edu.mk/
Грета ду Веле (The Greta du Velay) е јавна организација за обука, управувана под надзорот на Lycée C. et A. Dupuy, се состои од 21 образовни институции под крилото на Министерството за образование (15 средни училишта, 6 средни училишта и колеџи). Сертифициран ISO 9001 од 1998 година, постои од 1974 година, со вработени 4 советници за обука и 40 обучувачи, спроведувајќи околу 300000 часови за обука годишно (образувајќи ги 2000-2500 ученици). Работи во Велеј област, на југот на Регионот Оуверњ-Рона-Алпи.
Грета ду Велеј (The Greta du Velay ) е член на мрежата Грета која ја покрива целата француска територија, правејќи ја една од главните провајдери за обука во Франција (137 Грета и 4750 локации за обука). Половина од нејзината активност се состои во подготвување на квалификувани работници за претпријатијата. Курсевите се организирани како одговор на локалните и регионалните потреби, на барање на побарувачката на претпријатијата или финансиерите преку повици во најразлични сектори: хотелиерство (туризам), готвење, здравство, градежништво, индустрија (алатки за автоматизација, одржување, кожна работа), аудиовизуелни, менаџмент, јазици, пресметување…). Курсевите исто така можат да бидат насочени и кон подготовка за национални дипломи од Министерството за образование, од други министерства, сертификати од други сертификациски тела или само со цел развивање на специфични способности. Вториот домен на активност се состои во поддршка на стручното оспособување на целни групи како што се млади невработени, ученици кои рано го напуштиле школувањето, ниско квалификувани возрасни, мигранти, кои преку развој на основни вештини (клучни спосбности, трансверзални компетенции, дигитална писменост…), ориентација и практика во компаниите, за да можат да изберат кариера и да се вработат.
Laboratorio Immagine Donna-LID е постојана опсерваторија и работилница за зголемување на присуството на жените во филмот како уметност и како професија. Имаме организирано 43 изданија на Фиренца – Меѓународен филмски и женски фестивал. Ние, исто така, организираме локални и меѓународни иницијативи насочени кон ребалансот на женското присуство во клучните улоги на културата и визуелната комуникација, и како обуката на младите набљудувачи во училиштата од сите нивоа, за распространување на нови инклузивни гледишта кон изградбата и споделувањето на повеќе идеали и практики за еднаквост во нашите општества.
Glocal Factory е италијанска непрофитна организација основана во 2018 година од страна на експерти од областа на образованието и обуката и од страна на операторите во областа на меѓународната соработка за развој. Нејзината цел е да придонесе за создавање на заедница на иновативни и “визионерски” едукатори кои можат да обезбедат квалитетно учење за сите. Glocal Factory е природната еволуција на Здружението (Social Cooperative) кое го има истото име. Glocal Factory е “систем” формиран од непрофитно здружение и социјална кооператива, која е легално основана во Италија, која им се придружува на волонтерите и професионалците кои работат во социјалните и образовните области. Работиме со професионалци во образованието и обуката, невладини организации, младински здруженија, организации за младинско образование, јавни власти, мали и средни претпријатија, во италијански и европски контекст, го обезбедуваме посебно следното : Иновации за учење педагогики; Експертиза и техничка поддршка во планирањето на програмите за обука како во формален, така и во неформален контекст; Експертиза и техничка поддршка во дизајнирањето на средствата за учење; Месечна организација на настани и семинари, во соработка со престижни истражувачки центри и истражувачи; Експертиза за учење преку искуство и образование до “чувство на иницијатива и претприемништво”; Информација и обуки за финансирање на ЕУ.
International school
ST.THOMAS’S INTERNATIONAL SCHOOL е првото меѓународно училиште во Витербо во Италија, користејќи интердисциплинарна рамка и одржување на ниво на знаење и на италијански и англиски јазик. Збратимен со Меѓународното училиште Амбрит Рим, св Тома (ST.THOMA’s) овозможува висок стандард на академско учење и го олеснува развојот на детето како “истражувач”, во и надвор од училницата. Во училиштето учиме уметност и занаети, драма, ИКТ, музика и спорт од рано возраст.
Сите активности се дизајнирани да обезбедат можности за експериментално и кооперативно учење и да ја искористат комуникацијата како важна алатка во изучување на јазиците.
ST.THOMAS’S INTERNATIONAL SCHOOL ја имплементира двојазична програма во која англискиот е главен јазик, додека италијанскиот јазик се одржува на ниво на соодветно владеење на предметите. Континуитетот во италијанската државна програма е обезбеден за оние деца кои можат да посакаат да влезат во италијанскиот државен образовен систем во подоцнежна фаза.