Прво, ќе направиме едукативна алатка наречена „Алатки за филм“ (KINOKIT),таа ќе вклучува упатства и совети за користење на филмот за создавање инклузивни средини за учење за борба против дискриминацијата.КИНОКИТ ќе вклучи 10 филмови против насилство и дискриминација.
Понатаму, ќе биде направено видео (на англиски, француски, италијански, грчки и македонски) за обука на наставниците за користење на Алатки за филм (KINOKIT).Ќе се изработи и е-книга, која ќе содржи критичко-информативни картички на избрани филмови за дискриминација, избрани меѓу најдобрите направени во Европа или на друго место низ годините, со трејлери, информации за авторите и како да се најдат.
Откако ќе ги погледнат и анализираат филмовите објавени во „Алатки за филм“(KINOKIT), учениците преку „Работилниците за филм“ (CINEMALABS) ќе креираат свои видеа на теми противнасилство и дискриминација заедно со нивните наставници.Овие филмови ќе бидат споделени преку нашите социјални мрежи.Учениците кои учествувале во снимањето на видеата ќе можат да ги претстават своите видеа на фестивалот „Жените во филмската индустрија“ ( Donne e Cinema) во Фиренца.
На крај, ќе бидат развиени упатства за имплементација на работилниците за филм (CINEMALABS) од страна на учениците заедно со нивните наставници.
KINOKIT
KINOKIT
2023
Насоки и совети за користење на филмот за креирање на инклзивна срединаза борба против дискриминацијата.
Содржина од критичко-информативни кратички за одбрани филмови за дискриминација, селектирани од најдобро направените во Европа или билокаде низ годините.
CINEMALABS
CINEMALABS
2025
Учениците ќе креираат нивни видеа на теми против насилство и дискриминација
со нивните настаници.